26/04/2024
Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари средба со учениците од ОУ „Дебрца“ кои учествуваа во Еразмус + програмата

Вчера градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески ги прими учениците и наставниците од ОУ „Дебрца“ кои реализираа посета во Бургос, Шпанија во рамките на проект од Еразмус + програмата.

„Моите гости ме информираа за импресиите кои ги носат од посетата на Шпанија, а јас им ветив дека и во наредната година ќе ги поддржуваме сите активности на Основното училиште.“ – изјави градоначалникот Ногачески по спредбата.