Игор Крцоски – Манце е новиот вд директор на ЈПК „Дебрца“

Градоначалникот на Општина Дебрца,  Зоран Ногачески, денес го потпиша решението со кое за ВД Директор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца” – Белчишта го именува Игор Крцоски – Манце, вработен во Јавното претпријатие.

На средбата, градоначалникот Ногачески ја истакна неговата безрезервна поддршка на Јавното претпријатие и ВД Директорот.

„Заеднички констатиравме дека неопходно е организирано, систематско и континуирано ангажирање и на општината и јавното претпријатие заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на едно пристојно ниво, соодветно на потребите на граѓаните на општина Дебрца. Нашата цел ќе биде постигнување на што подобри резултати во работењето, врз база на целосно искористување на капацитетите, максимално подигање на нивото на услугите, максимално искористување на вработените и опремата, а во исто време и максимално намалување на трошоците на работењето. Преку навременото и квалитетно вршење на комуналните услуги да бидеме поблиску до граѓанинот, да имаме што е можно почиста општина, поубава и со зелени површини, доволно здрава вода за пиење, системи за одведување на отпадните води.“ – вели Ногачески.