Изложба на фотографии „Старо Нагоричане 2018“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Втората  меѓународна фото-колонија во Македонија „Старо Нагоричане 2018“…
 
 Љубителите на фотографијата во рамките на изложбата ќе имаат  можност да разгледаат 20 фотографии изработени од десет автори од  Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија и од Македонија.  Фотографиите се инспирирани од  природните убавини на просторот, архитектурата  и  знаменитостите на  Старо Нагоричане.
 
Изложбата која е во организација на фото-aрт групата Ф7,  Центарот за култура од Куманово, Народна техника и локалната самоуправа на Старо Нагоричане ќе биде поставена до 7 март годинава.