26/04/2024
Македонија

Изложба на Христо Петрески во Куманово

Вечерва во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата на слики со наслов “Пишување со бои: стихови, соништа, слики“ од авторот Христо Петрески…

Се работи за 25 дела од поновиот опус на Петрески којшто за првпат ќе биде презентиран пред кумановската публика.

Проф. д-р Христо Петрески е писател кој се занимава интензивно со сликарство од 2012 година. Досега има повеќе од петнаесет самостојни изложби во земјава и странство. Беше учесник на Мултимедијалната колонија Битола и на меѓународните ликовни колонии во Пелинце (Македонија) и Врањска бања (Србија). Пишува ликовна критика и автор е на книгата “Ликовната уметност е она што (не) се гледа“.

Христо Петрески (1957) е еден меѓу познатите македонски поети и писатели (наклонет кон експеримент) кој сака да се изрази и на ликовен начин. Тој, меѓу 2013 и 2017 година, употребувајќи акрилни бои изработи повеќе сликовни претстави на одбрани теми предадени експресивно и на симболичен начин. Таков впечаток се добива разгледувајќи ги предметните мотиви на женски ликови, потоа риби (кои добиле женски ликови), петли, музичари, желки, жаби.
Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 21 февруари.