26/04/2024
Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ со демант на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со денешното соопштение испратено од страна на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, реакција испрати ЈП „Билјанини Извори“.

„Господа од ВМРО ДПМНЕ колку дволично и паушално кажано.

Вие сте граделе игралишта, не вие и вашата локална власт туку државните институции, а деловите кои требаше Вие да ги направите и завршите ништо од тоа не е направено.

Во ваше време се изгради теренот со вештачка трева, но не и помошни простории (соблекувални, санитарни јазли и сл.)

На самиот стадион нема ни една чешма за вода ни за пиење ни техничка за вадење на теренот за гумата и пластиката да не мирисаат и да не им пречат на децата кои најчесто го користат тој терен а на кои вие се повикувате. А извор со жива вода има само на стотина метри од тука.

Е затоа е оставен овој простор таков како што е, бидејќи во најкратко време планираме да се донесе вода во близина на теренот.

Но не е само тоа проблемот направивте игралиште без осветлување, па така децата наместо да го користат во летниот период навечер тие морат да тренираат во летните претпладниња и попладнина кога се’ уште е жешко и не е корисно за здравјето.

Вие и тоа не го направивте, туку оставивте земјиште нерамно каде со ништо не може да се влезе и да се среди.

Нам ни дојде редот и тоа да го средуваме зашто сметаме дека е повеќе од потребно.

Ве потсетувам дека се поминати само шест месеци од моето доаѓање на функција и ви кажувам дека за брзо време ова ќе биде средено хортикултурно како што му доликува и за што ќе бидите благовремено известени за да видте дека кога се сака и се може.

За шест месеци од како седнав на директорското столче јас и мојот тим во кој се сите вработени направивме толку колку вие за цел ваш манадат што не направивте за ЈП „Билјанини Извори“.

Еве ви докази и факти:

  • Комплетно реновирани соблекувалните на градскиот стадион

  • Заменети столчињата на трибините на градскиот стадион и комплетно фарбање и обележување на истите.

Пред поставување на нови столчиња

По поставување и обележување

  • Поправен е разгласот во спортската сала кој минимум 10 години не работеше и за секоја манифестација изнајмувавме и плаќавме озвучување.
  • Поправено е осветлувањето на тениските игралишта кои ги направи Агенција за спорт и млади а на вас остана осветлувањето кое работеше само делумно.

Господа уште еднаш да ве потсетам дека ова е направено за шест месеци лично од наши финансиски средства со труд на вработените на ЈП „Билјанини Извори“, а не како вас да се китите со туѓи перја.

Тоа што јас како директор одам по паркинзите и контролирам сигурно им пречи на некои ваши моќници кои не сакаат да плаќаат и не сакаат да бидат еднакви со граѓаните на град Охрид.

Тоа носи резултати. И затоа наплатата на услугата за паркирање е зголемена за повеќе од 100%.

Но најважно е, што се’ правиме да се намали хаосот во сообраќајот и да нема метеж во централното градско подрачје.

Резултат на сето погоре кажаното се редовно исплатени плати на почетокот на месецот, а не на крајот од месецот и тоа на мускули и во крајна неизвесност како до неодамна.

Почнавме со сервисирање – исплаќање стари долгови. Нема веќе исклучување на СРЦ Билјанини Извори од ел.енергија што во ваше време беше честа појава. Тргнете ги рацете и мислите од нашето ЈП и оставете да одиме по успешно започнатиот пат.“ – стои во реакцијата од Гордана Јованоска, директор на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.