Кошаркарскиот Куп се одложува

Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

„Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите. Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите.“ – соопштуваат од МКФ.

Завршниот турнир од Купот на Република Македонија ќе се одигра во средината на април.

Осум тимови во машка конкуренција и четири тима во женска сениорска конкуренција ќе се надигруваат викендот од 12.-14. април во Гевгелија, по истиот распоред како што требаше да се натпреваруваат претстојниот викенд.

КУП на РМ распоред
Ден 1. (12. април, 2019 година ПЕТОК)
13:00 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 1)
15:15 Работнички – Куманово 2009 (четвртфинале 2)
17:30 МЗТ Скопје Аеродром – Кожув (четвртфинале 3)
20:00 Гостивар – Фени Индустри (четвртфинале 4)

Ден 2. (13. април, 2019 година САБОТА)
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:15 Вардар – Работнички (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:00 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Ден 3. (14. април, 2019 година НЕДЕЛА)
14:30 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
17:30 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)