Лишени од слобода албански државјани поради незаконит риболов

На 01.12.2019 во 21.00 часот полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Б.Е.(31) и Б.Ј.(46), двајцата од Р. Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“, откако биле затекнати во пловен објект во водите на Охридското езеро на територијата на РС Македонија. Б.Е. и Б.Ј. биле предадени во СВР Охрид за понатамошна постапка.