Лишени од слобода лица кои се барале со централна потерница

На 10.07 2018 година во 03:05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид кај паркингот во с.Другово, од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило „БМВ“ управувано од С.А.(29) од Прилеп за кого била распишана централна потерница по наредба од Казнено поправна установа “Идризово“ за издржување на казна затвор во траење од една година и два месеци.

Како сопатник во ПМВ било лицето Ф.Е. (36) од Прилеп. При преглед во возилото од страна на полициски службеници пронајдени биле и одземени предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицата биле лишени од слобода и биле задржани во Полициската станица Кичево за понатамошна постапка.