Милошевски: Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митре Милошевски, денес одржа прес-конференција на која најави повеќе проекти од програмата „За убав град“ наменети за младите.

„Младите се нашата најголема вредност, нашата иднина. До мене гледам сила која е суштината по која сме различни од другите. Млади луѓе полни со енергија и ентузијазам. Во мене младите ќе имаат искрен пријател и поддржувач на сè она што сакаат да го прават.

Сите заедно имаме знаење, сила и храброст за нови идеи, а имаме и моќ да ја насочуваме иднината во позитивна насока. Грижата за младите луѓе претставува грижа за иднината и затоа со програмата За убав град за младите има низа проекти:

Изградба на 40 станови за млади брачни парови;

Стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци;

Целта на проектот е мотивација на најдобрите учиници, основци, средношколци и студенти да продложат во научното инвестирање. Со ваквиот тип на субвенционирање се вложува во домашниот буџет и се поттикнуваат децата на научен натпревар помеѓу себе.

Ангажирање на најдобрите студенти од најдефицитарните занимања како квалитетни кадри на општината;

Бесплатни карти за превоз на учениците 24 часа за сите ученици од основно и средно образование.

Формирање на претприемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица;

Со овој проект се предвидува формирање на претприемачки инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфраструктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Воедно би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти.

Поддршка за отварање на бизниси за млади;

Договор помеѓу општината, бизнис заедницата и средните стручни училишта.

Субвенции за вработени во туризмот;

Со оглед на тоа што дека има недостиг на вработени во угостителско-туристичкиот сектор субвенции за вработените.

Младите ќе бидат клучната сила во нашата заедничка цел за убав Охрид и за подобра Македонија.

Затоа на 21 април, бројот 5 е единствениот избор за младите. 5 за град кој се темели врз цврста младина. 5 за многу нови проекти за младите. 5 за убав град! Охрид повикува!“ – истакна Милошевски.