26/04/2024
Македонија

Мисајловски: Политиките на владата на Заев и СДСМ доживуваат фијаско

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Владо Мисајловски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Политиките на владата на Заев и СДСМ доживуваат фијаско. Ветувањата напишани во изборната и владината програма доживуваат крах.

Секој ден граѓаните се повеќе се уверуваат дека пред избори биле излажани од оваа гарнитура на власт која патолошки лаже. Проблемот да биде поголем тие сега ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните и нивното паметење, па повторно лажат дека тоа што го ветувале, не го ветиле.

Министерот за транспорт и врски, Сугаревски без срам пред неколку дена изјавува дека тие не ветиле дека ќе изградат 600 километри автопат, а тоа им беше еден од најважните ветувања во изборите.

Заев во 2016 година вели дека со планот за живот испланирале 600 километри автопат. Тоа го ставиле на хартија како партиска програма, па го преточиле како програма на владата, која Сугаревски потоа ја читаше, а сега соочени со својата неспособност и незнаење да излезат и да ја убедуваат јавноста дека таква работа никогаш не е ветена.

Очигледно највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата ќе биде да се организира чочек.

Не би не зачудило ако наскоро сите министри во Владата, предводени од Заев не почнат да ја убедуваат јавноста дека не ветиле ниту 500 евра просечна плата, 100 илјади денари плата за докторите, нови работни места, помали долгови, 15% поврат на ДДВ во висина од 500 евра за секое семејство годишно, чист воздух и чиста вода и слично

Ова е резултат на цунамито кое го предизвикаа, па сега сами мораат да се демантираат, за жал.

Тоа е почетокот на нивниот крај. Македонија заслужува подобро и ќе добие подобра Влада. Тоа ние го ветуваме и набргу ќе се оствари.