26/04/2024
Спорт

МОК потпиша договори за финансирање на спортистите – кандидати за ОИ Токио 2020

Денес, 12 (дванаесет) македонски спортисти, потпишаа договори (Олимписка стипендија) со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, според кој, до Олимписките игри ТОКИО 2020, ќе добиваат месечна финансиска помош за реализација на нивните разојни стратешки планови кои треба да бидат доставени до МОК од страна на соодветните Национални спортски федерации, а врз основа на кои треба да реализираат норма за учество на Олимписките игри ТОКИО 2020.

Договори потпишаа:

1. ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ – Таеквондо (800 САД долари)
2. БЕРАТ ЈАКУПИ – Карате (800 САД долари)
3. ЕМИЛ ПАВЛОВ – Карате (800 САД долари)
4. ЛИНА ЃОРЧЕВСКА – Тенис (625 САД долари)
5. ДАРИО ИВАНОВСКИ – Атлетика (625 САД долари)
6. АРБРЕША РЕЏЕПИ – Џудо (625 САД долари)
7. НИНА БАЛАБАН – Спортско стрелаштво (625 САД долари)
8. НАТАША СТЕФАНОВСКА – Карате (625 САД долари)
9. ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНСКА – Карате (625 САД долари)
10. ЕВГЕНИЈ ПОП АЦЕВ – Пливање (625 САД долари)
11. ЕЛМЕДИН СЕЈФУЛАУ – Борење (625 САД долари)
12. МАГОМЕДГАЏИ НУРОВ – Борење (625 САД долари)

Спортскиот резултат на спортистите, а не Олимписката стипендија, ќе биде единствен фактор според кој може да се избори учество на Олимписките игри Токио 2020.

Олимписката стипендија не значи можност за добивање на „предност“ на Олимписките стипендисти во однос на другите спортисти, можност која сама по себе не значи предност на еден спортист во однос на друг, туку служи исклучиво како дополнување на финансиските обврски за реализација на плановите и програмите на спортистите кои се предложени од страна на соодветните Национални спортски федерации. Списокот е предмет на промени и не е конечен.

Мора да се има во предвид дека спортските клубови, Националните спортски федерации, Македонскиот олимписки комитет, Меѓународните спортски федерации и другите јавни институции (централната и локалната власт) и приватни организации заеднички мора да учествуват во финансирањето на програмите на врвните спортисти кои имат можност да остварат норма за учество или да освојат медал на ЛОИ ТОКИО 2020.

Македонскиот олимписки комитет, секогаш ќе ги поддржува плановите и програмите на спортистите-Олимписки кандидати од соодветните Национални спортски федерации кои ќе достават до МОК квалитетни и соодветни информации, стратешки развојни планови и програми, но и во соработка, консултација, комуникација и координација соодветните јавни и приватни организации и институции кои активно учествуват во финансирањето и давањето на соодветна поддршка на истите тие планови и програми.