26/04/2024
Македонија

МВР потпиша договор за соработка со уште една образовна институција

Денеска (07.02.2018) во Министерството за внатрешни работи беше потпишан договор за соработка помеѓу Факултетот за правни науки при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, Република Македонија и Министерството за внатрешни работи. Договорот за соработка го потпишаа деканот на Факултетот за правни науки, проф. д-р. Александар Илиевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за правни науки ќе се остварува преку изведување на практична клиничка настава за студентите на Факултетот во секторите за внатрешни работи и организациските единици во Министерството.

Соработката, исто така, ќе се остварува и преку организирање на заеднички конференции, работилници, со користење на заедничките ресурси, како и преку организирање на заеднички обуки.