27/04/2024
Охрид

Нападнат полициски службеник додека извршувал работни задачи на ул.„Абас Емин“ во Охрид

На 11.07.2020 во 19 часот, полициски службеник од СВР Охрид, додека извршувал работни задачи на улицата „Абас Емин“, забележал дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничкото возило „Пежо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(39) од Охрид и патничко возило „Ландровер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.С.(56) од Скопје.

Притоа, С.Ј., кој бил под дејство на алкохол, упатил навреди кон Х.С..по што, бил предупреден од полицискиот службеник. С.Ј. почнал агресивно да се однесува и кон полицискиот службеник, а потоа и физички го нападнал. Полицискиот службеник успеал да го оттурне напаѓачот од себе, по што С.Ј. паднал на коловозот и се здобил со повреда. Се работи на расчистување на случајот.