НГИ „Коалиција на Египќани“: Во Мицкоски препознаваме лидер кој сака да ги сплоти сите граѓани и да ја повлече татковината напред

Несомнено, во лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Г- дин Проф.Д-р Христијан Мицкоски, препознавме лидер кој сака и има визија да ги сплоти сите граѓани на Република Македонија, без разлика на национална, верска или било која припадност, препознавме личност кој има цврст и силен карактер од Македонските граѓани да направи среќни, задоволни и сигурни граѓани, а од државата Република Македонија економски силна и сплотена држава.

Египќаните, како мала, автентична и авотохтона етничка заедница, која е на маргините на општественото, политичкото, економското живеење, поклонуваме надеж, дека час поскоро, токму лидерот на ВМРО ДПМНЕ, ќе ја има таа можност и реализација на неговиот сон за една економски силна и сплотена држава Република Македонија. Во таа насока, мнозинството Египќани кои се десноцентристрички ориентирани, негуваат крајно пријателски и со доверба засновани односи со ВМРО ДПМНЕ како и со лидерот проф.д-р Христијан Мицкоски, на кого му даваат безрезервна подржка во имплементација на неговите политички визии и видувања.

Демир Далип, дипл.правник- лидер на НГИ „Коалиција на Египќани