Ноември – Месец на науката 2017 повторно во знакот на учениците од ОУ „Христо Узунов“

Престижната манифестација „Ноември – Месец на науката 2017 година“ која оваа година се одржува по втор пат, овојпат во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, повторно достижна и за учениците од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид.

Матеј Исакоски и Елена Стојоска, двајцата ученици од 5 одделение, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска, освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата.

Денот исполнет со интересни едукативни предавања, креативни работилници и добра дружба со преку 400 ученици од прво до шесто одделение од цела Македонија, за петтоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ заврши со високата втора награда за успешно изведен и добро образложен експеримент.

Целта на настанот е поттикнување на младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, со што од друга страна се врши популаризација на природните науки.

Директорот Тони Симоновски изрази голема благодарност до учениците и менторот кои ја продолжија традицијата на освојување на државни награди на овој реномиран државен настан и го промовираа ОУ „Христо Узунов“ во Државни рамки.