26/04/2024
Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и ФОН – Струга ја продолжуваат соработката

И оваа учебна година ФОН – Факултет за странски јазици – Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ја продолжуваат воспоставената соработка и заеднички од вчера започнаа да ја  дисперзираат по основните училишта во Охрид.

deca les

Под наслов: „Да го поттикнеме говорно – јазичниот развој кај децата, свесноста за изразните можности“ вчера се одржаа првите пет Работилници со деца од прво, второ и трето одделение во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец.

leskoec

На часот по англиски јазик студенти од Факултетот за странски јазици во Струга со својот ментор м-р Габриела Неделкоска и предметната наставничка Дијана Димитрејевска се дружеа со децата и заеднички усвојуваа нови знаења.

TABLA

Целта е низ интерактивна игра  да се поттикнат јазичните активности за развивање читачки вештини, односно усвојување на вокабулар на игрив начин, прилагоден за возраста на учениците.

IGRA

Оваа соработка ќе трае до крајот на учебната година и амбициите се покрај со најмалите да се направат и работилници со ученици од шесто до деветто одделение.

GABI

deca le

Во рамките на работилниците  ќе има повеќе активности како на пример: составување на приказна по слики, пазли, бинго и многу други забавни задачи.

so deca leskoec

Од ваквата соработка ќе  има и други бројни  придобивки како што се развивање на општествената одговорност кај вклучените институции, воедно можност за учесниците практично да ги применат.