26/04/2024
Македонија

Обука на полициски службеници за ски инструктори на Попова Шапка

Во периодот од 25 до 29.03.2019 на терените на зимско рекреативниот центар Попова Шапка, беше оддржана обука на полициски службеници од Единицата за специјални задачи, Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршката, за обучувачи на техники по алпско скијање. Обуката беше реализирана на исклучително високо ново, благодарение на полициски инструктори по алпско скијање од Министерството за внатрешни работи на Република Словенија кои го пренесоа целото свое знаење и искуство на колегите од РСМ. Целта е оваа воспоставена соработка да се продлабочи со реализација на вакви и слични обуки во Р.Словенија и Р.Северна Македонија. Со реализација на оваа и обуките во иднина, ќе се подигне нивото на познавање на техниките на алпско скијање кај припадниците на единиците од ОСПО, а со тоа и зголемување на капацитетите на Министерството за успешно реализирање на најразлични задачи во зимски услови.