Од 6 мај ќе продолжи наплатата на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“

Со ублажувањето на мерките за движење на Владата на Северна Македонија, ЈП „Билјанини Извори“ од 6 мај ќе продолжи со наплата на градскиот паркинг простор со кој стопанисува јавното претпријатие. Согласно новите мерки работното време за наплата ќе биде од 08 до 18 часот.

„Сите заинтересирани за месечна или годишна паркинг картичка ги повикуваме од понеделник 04.05.2020 година да се обратат во канцеларијата  на улица Партизанска во близина на хотел Палас од 08 до 18 часот.

Посебно би сакале да напомениме дека согласно мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19 јавното претпријатие обезбеди соодветна заштита за сите вработени на јавниот паркинг простор. Исто така им препорачуваме на сите наши идни корисници на јавниот градски простор да ги следат и почитуваат препораките, бидејќи пред се се работи за нивно и наше добро.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.