27/04/2024
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на детето – Децата ги преземаат училиштата

На 20 ноември, по повод Светскиот ден на детето, УНИЦЕФ во светот организира прослава, ден на акција за децата, од децата. На овој ден ‐ годишнината од Конвенцијата за правата на детето ‐ децата од целиот свет ќе го кренат гласот во знак на солидарност со најобесправените и најранливите деца во светот.

Тоа ќе биде забавен ден со сериозна порака. Децата во светот ќе „преземат“ видни улоги за да фрлат светлина врз најгорливите предизвици со кои се соочува нивната генерација. Република Македонија се приклучува кон иницијативата преку поттикнување на училиштата да организираат активности наречени #ДецатаГиПреземаатУчилиштата.

Во прилог е пакетот за активирање на училиштата, кој содржи упатства за организирање на „преземањето“ и за Конвенцијата на ОН за правата на детето, заедно со модел‐подготовка за час и други активности. Примероци од истиот материјал на различни јазици може да се најдат на www.unicef.mk.

Ве поттикнуваме да се вклучите и да го искористите денот за да ги поучите децата од земјата за Конвенцијата. Исто така, ве охрабруваме, училиштата кои ќе организираат „преземање“ да ги забележат желбите на секое дете и да споделат раскази, фотографии или видео‐клипови на училишните профили на социјалните медиуми со помош на хаштагот #ДецатаГиПреземаатУчилиштата (#KidsTakoverSchools), за гласот на децата од Република Македонија да се чуе низ целиот свет.

Со нетрпение го очекуваме вашето учество во оваа иницијатива.

Погледнете го пакетот за активирање на училиштата:

Упатства за училиштата #ДецатаГиПреземаатУчилиштата на англиски македонски албански турски

Упатства за училиштата околу Конвенцијата на ОН за правата на детето на англиски македонски албански турски

Дел 1 Подготовка за час на англиски македонски албански турски

Препорачана Активност 1: Бидете креативни! Составете заедно расказ, слика или видео-клип со идеи за тоа како светот да стане подобар за децата на англиски македонски албански турски

Препорачана Активност 2: Дизајнирајте емотикон за Светскиот ден на детето на англиски македонски албански турски

Препорачана Активност 3: Учествувајте во забавна групна фитнес-вежба преку линкот со официјалниот музички спот за Светскиот ден на детето на англиски македонски албански турски.