Откриени 13 мигранти на автопатот Куманово-Табановце

По добиена оперативна сознанија за криумчарење на мигранти, од страна на полициски службеници од гранична полиција – Регионален центар – Север, завчера околу 07,00 часот во близина на бензинска пумпа на автопатот Куманово-Табановце фатена е групата од 13 мигранти од Ирак, без документи за идентификација, од кои деветмина мажи , две женски лица и две деца. Тие се движеле во правец од Куманово кон патниот премин Табановце. Едно лице кое било дел од групата, наш државјанин и коешто требало да ги смести мигрантите во реонот на с. Ваксинце, претходно ги оставило мигрантите и побегнало.

Со мигрантите е извршен разговор, при што истите изјавиле дека од страна на непознатото лице тие биле транспортирани од јужната граница кон ГП-Табановце со патничко моторно возило марка “Ауди-А8“. Според нивното кажување непознатото лице им се заканувало и од секој поединечно зел по 3000 евра за да ги спроведе од грчката граница до Белград Р.Србија. При тоа , истиот ги измамил и насилно ги растоварил во близина на бензинска пумпа во правец на ГП Табановце. По превземените оперативни мерки и активности, и извршените проверки констатирано е дека станува збор за лицето Ф.В. (35) од скопско Студеничани.

Од страна на Регоналниот центар за гранични работи – Север поднесено е Известување до ОЈО за ООК-Скопје. По насоки од Јавен обвинител за ООК, лицата мигранти како жртви на криумчарење привремено се сместени во Прифатниот центар за странци -Скопје.