26/04/2024
Спорт

Отворен ден за пливање во рамки на Европската недела на спортот во Македонија

Во рамките на Европската недела на спортот, наредниот четврток и петок во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи отворен ден за пливање.

Од 18 до 20 часот, влезот во базенот ќе биде бесплатен за сите посетители, а познати македонски пливачи ќе ги презентираат дисциплините во пливање. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со пливачките клибови кои држат часови по пливање.