ОУ „Дебрца“ доби донација од 150 м3 дрво за огрев

Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба.

Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво.

Со работна сила од Јавното комунално претпријатие и ангажирани работници согласно годишната програма за јавни работи досега се обработени околу 150 метри кубни и огревното дрво е транспортирано за потребите на Основното училиште.

Со донираното огревно дрво се обезбедуваат количини за греење на Основното училиште за најмалку две учебни години, со што се заштедуваат околу 600.000 денари.

Заштедените средства со Буџетот на општина Дебрца за 2020 година ќе се пренаменат за инсталирање на централно греење во зградата на училиштето во село Оровник.