Пожар во стан на „Туристичка“ во Охрид

На 11.10.2019 околу 16,00 часот, во стан на булевар „Туристичка“ во Охрид, поради неисправна плинска боца, настанал пожар, во кој, К.С.(71) од Охрид се здобила со изгореници на десната рака.

Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, сопственост на С.П. од Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот.