26/04/2024
Македонија

Пратеничката Лазаревска дел од 14 состанок на Мешовитиот парламентарен комитет- РМ и ЕУ во Стразбур

Денес и утре во Стразбур по прекин од 2 години ќе се одржи 14 состанок на Мешовитиот парламентарен комитет- РМ и ЕУ.

Пратеничката од Охрид, Жаклина Лазаревска учествува како Член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија на 14 состанок на Мешовитиот Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација – Република Македонија и Европската унија, кој се одржува од 7-8 февруари 2018 година во Стразбур.

Делегацијата на Собранието ја предводи пратеникот Горан Милески кој е Претседател на оваа собраниска Делегација, а Лазаревска како член на истата ќе има воведно излагање по однос на имплементацијата Планот 3-6-9 и Препораките на Групата експерти на Високо ниво за системските прашања од владеењето на правото по однос на Реформите во медиумите во Република Македонија.

Инаку, делегацијата која ќе го претставува Собранието на РМ во Стразбур е составена од 6 члена и тоа: Претседател, Горан Милески ЛДП Потпретседател, Антонио Милошески ВМРО ДПМНЕ Член, Жаклина Лазаревска СДСМ, член, Реџеп Мемеди БЕСА Заменик член, Бетијан Китев СДСМ и Координаторот на ДУИ Ејуп Алими.