26/04/2024
Македонија

Претставници на Царинска управа дел од работилница за презентација на „Национален едношалтерски ситем“

Претставници на Царинската управа учествуваат на дводневна работилница на која се презентира Национален едношалтерски систем. Работилницата е организирана од страна на Светска банка и се одржува во период од 05-06 јули 2018 година во Скопје.

Настанот е вовед во активностите што следат за развој и воведување на Национален едношалтерски систем и има за цел да го помогне процесот на донесување на одлуки кај учесниците во олеснувањето на трговијата. На работилницата се презентира концептот на едношалтерското работење и како се усогласуваат информациите што треба да се достапни за јавноста, податоците и законските прописи и како да се достигне повисоко ниво на координација на граничните царински постапки. Работилницата ќе допринесе за развој на Национален едношалтерски систем и со неа ќе започне креирањето на стратегијата за негово имплементирање.

На работилницата поздравно обраќање имаше директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски, кој истакна дека едношалтерскиот систем е токму пример за работење каде традиционалната структура на Царината е трансформирана во нови процеси што најдобро им служат на потребите на граѓаните и на учесниците во царинската постапка. Како дел од пристапот за едношалтерски систем, граѓаните и учесниците во царинската постапка ги добиваат сите услуги преку единствен интерфејс. Сложените организациски аранжмани помеѓу различните гранични агенции се потранспарентни за корисниците, што резултираат со зголемена ефикасност и намалување на трошоците за увоз или извоз.

Директорот исто така посочи дека воспоставувањето на едношалтерски систем е еден од клучните придобивки од Договорот за олеснување на трговијата на Светската трговска организација, каде е наведено дека најголем дел од активностите за спроведување на увозот, извозот и транзитот треба да се вршат преку единствена точка, односно преку едношалтерскиот систем.