26/04/2024
Македонија

Приведен препродавач на дрога во Тетово

На 05.01.2018 година во периодот од 16.00 до 18.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и помошни простории на лицето Б.М. (22) на ул. „Ленин“ во Тетово.

При претресот, на повеќе различни места и во различни пакувања, била пронајдена вкупно околу еден килограм наркотична дрога марихуана. Дрогата била пронајдена во 39 зипер кеси во црн несесер, во шест зипер кеси во метална кутија, во една црна кеса, во една најлонска бела кеса и во една торба во која имало две пластични кутии, две кеси, 13 зипер кеси, три врвови од тревкаста материја и осум тегли со различна големина.

Пронајдените предмети со дрогата биле одземени и дадени на вештачење, а Б.М. бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.