Приведени три лица кај кои била пронајдена дрога

На 07.07.2020 во 00.05 часот во Полициската станица Струга биле приведени А.П.(22) од Скопје, Д.Ч.(25) и Ј.Т.(23), двајцата од Струга. При преглед на патнички автомобил „сузуки“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Д.Ч, кај сопатникот Ј.Т. била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.