Проф. Љубиша Машановиќ избран за потпретседател на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, на својата втора седница одржана денес (26.02.2018), ги донесе следните одлуки:

  • усвоен Извештајот за работа и завршната сметка за 2017 година;
  • донесена Програмата за работа со Календарот за обележување на значајни датуми, настани и личност и финансовиот план за 2018 година;
  • извршено кооптирање на член на Општинскиот одбор, избор на член на претседателството и потпретседател на Организацијата.

Едногласно, од страна на сите присутни, за потпретседател на ОО на СБ од Охрид и Дебрца е избран проф. Љубиша Машановиќ.

„Од името на сите наши членови на новоизбраниот потпретседател му посакуваме плодна и успешна работа во наредниот мандатен период.“ – стои во соопштението од ОО на СБ од Охрид и Дебрца.