27/04/2024
Струга

Пронајдена и одземена дрога од двајца стружани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Р.(20) од село Калишта, струшко и П.И.(24) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 16.03.2018 година во село Калишта, при преглед над второпријавениот полициски службеници пронашле и одзеле марихуама, која што претходно ја купил од првопријавениот.