Прва победа на ФК „Лихнидос“

ФК „Лихнидос“ со победа од 4-1 против Велешта стартуваше во третата фудбалска лига Градскиот фудбалски клуб „Лихнидос“ од Охрид со важна победа против ФК „Велешта“  ги започна натпреварите во рамките на третата лига.

Головите за Охрид ги постигнаа Христијан Димоски, Ромео Кочоски, Александар Бакулески и Роберт Усеиноски, а на полувреме резултатот беше 2-0 за охридската екипа. Оваа сезона редовите на охридскиот клуб се засилени со десет нови играчи од регионот на Охрид.

Во третата лига играат 14 екипи. Следното, второ коло се игра следната недела, на 2-ри септември. Охридските фудбалери на домашен терен ја пречекуваат екипата на Лирија. Натпреварот ќе започне во 16:30 часот на стадионот „Билјанини извори“.