Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на Охрид трчаТ истекува наскоро

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на Aтлетскиот викенд Охрид Трчат, кој ќе се одржи на 2 јуни истекува за четири денови, односно на 31 март.

Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдин трката изнесува 500 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 800 денари.

Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид трчаТ можете да најдете на официјалната интернет страна (ohridtrcat.mk).