Серија земјотреси во дојранско

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 01.01.2018 година, регистрираше серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 145 km југоисточно од Скопје и потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје. Најсилните четири земјотреси беа почувствувани од населението во југоисточниот дел на Р.Македонија, и тоа:

  • 23:13 часот, беше со Рихтерова магнитуда од 3.7 и беше почувствуван во Дојран со интензитет од IV степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Струмица со интензитет од III степени според истата скала;
  • 23:16 часот, со Рихтерова магнитуда од 3.3;
  • 23:19 часот, со Рихтерова магнитуда од 2.9;
  • 24:00 часот, со Рихтерова магнитуда од 3.1;

Земјотресите беа почувствувани и во југоисточниот дел на Републиката со иинтензитет од III степени според истата скала.

Серијата на земјотреси, продолжија и понатаму. Од земјотресите кои се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на ден 02.01.2018 година се случи најсилниот земјотрес од оваа серија и тоа во 05:24 часот со Рихтерова магнитуда од 4.8, а беше најсилно почувствуван од населението во југоисточниот дел на Република Македонија и тоа во Дојран со интензитет од VI-VII степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Стумица со интензитет од VI степени, во Кавадарци, Радовиш, Берово со V степени според истата скала.

Според досегашните податоци, земјотресот предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.

Овој земјотрес почувствуван е и од населението од соседните Грција и Бугарија.