27/04/2024
ДебрцаОхрид

Сообраќајка на патот Охрид-Кичево, нема повредени

На 26.06.2020 година во 09:20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, помеѓу селата  Ботун и  Ново Село, случена е сообраќајна незгода во која, засега непознат возач на патнички автомобил, управувајќи кон Кичево, извршил претекнување на колона автомобили и предизвикал судар помеѓу три моторни возила: товарно возило „Фиат Дукато“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.П. (58) од Скопје, „Пежо партнер“ со кичевски регистарски ознаки управувано од Ж.И. (62) од Кичево и автомобил „Мерцедес“ со американски регистарски ознаки, управуван од П.М.(68) од Охрид.

Во незгодата нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.

СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот.