Стружанец кршел инвентар во угостителски објект во Мислешево

На 13 јануари оваа година, во 16 часот, во угостителски објект во струшкото село Мислешево, од страна на А.Ф. (37) Струга, нарушен е јавниот ред и мир. Тој, ја скршил фискалната каса, а потоа чашите и другите предмети што биле поставени на шанкот. Притоа, со телесни повреди се здобил Т.Л. (51) од Струга.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против А.Ф. ќе поднесе соодветна пријава.