26/04/2024
Охрид

Стружанец заработи кривична пријава поради кражба во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Д.(24) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела ,,тешка кражба”.

Во периодот од 11.12.2018 до 20.12.2018 година на подрачје на Охрид, пријавениот, од три лица одзел торби, паричник и мобилен телефон, со што се стекнал со противправна имотна корист од 25.000 денари.