Света литурија по повод Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4. Декември 2019 година (среда), во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста со почеток во 8:45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

 Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.