Тепачка во угостителски објект во Мислешево

На седумнаесетти февруари оваа година, во 02 часот и 30 минути, во угостителски објект во струшкото село Мислешево, нарушен е јавниот ред и мир. Притоа, И.П.(22) жител на селото, физички бил нападнат од Ј.П. (33) од Струга, по што бил пренесен во Оштата болница во Струга.

По целосно документирање на настанот, полициската станица од Струга против Ј.П. ќе поднесе соодветна пријава.