Трета сесија на Форумот на заедници во Охрид

Вчера во Охрид се одржа третата сесија  од форумот на заедници што ја организира општина Охрид како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.

Во рамки на  сесијата беа   презентирани предлог проектите за социјална инклузија, согласно предлог концептите, кои беа прифатени од страна на форумот, на втората форумска сесија.

Концептите беа предложени и изработени од страна на седумте работни групи на Форумот на заедници, во кои има претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор.

Проектите кои ќе бидат избрани од страна на Форумот на зедници ќе бидат финансирани со средства од UNDP и Швајцарската амбасада во Република Македонија, со вкупен буџет од 50.000 швајцарски франци.