Ученици од ОУ „Христо Узунов“ наградени на 43-та Школа на млади физичари

На 28.11.2019 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа 43-та Школа на млади физичари организирана од страна на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), а во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“. Школата беше наменета за учениците од основните училишта кои го изучуваат предметот физика и нивните наставници. Програмата се состоеше од натпревар во експерименти, демонстрации и изработки, како и од интересни предавања на актуелни теми од областа на физиката и природните науки од страна на еминентни универзитетски професори.

Дури 57 ученици од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, под менторство на наставничката Вера Зороска учествуваа на Школата. Од нив, 55 ученици самостојно или во парови, се претставија со свои експерименти, демонстрации или изработки од различни области на физиката.

Возбудливиот и исполнет ден заврши со доделување на наградите.

9 одд.
I награда
Горазд Блажески
Емилија Димоска

II награда
Мартин Јузмески
Христијан Кочоски

III награда
Кристина Трајчевска
Тамара Стојановска
Теона Митаноска

8 oдд.
II награда
Филип Иваноски
Михаил Алексоски
Наум Стојаноски

III награда
Марија Зороска
Наталија Танеска
Филип Блажески
Виктор Маркоски

„Прекрасна е глетката на раздвижени и возбудени ученици кои со нетрпение ја очекуваат презентацијата на својот обид или изработка, на чија идеја, реализација и опис работеле речиси еден месец. Не може да се остане рамнодушен на аплаузот кој го прати доделувањето на секоја награда во полниот амфитеатар…

Особено е задоволството од предизвиканиот интерес за изучување на природата од толкав број ученици кои „утре“ ќе бидат инженери, програмери, доктори, природници…

Во овие, и вакви моменти, наставникот може да ја почувствува благородноста на својата професија!“ – вели наставничката Вера Зороска.