Велгоштанец повредил пожарникар

На деветти јануари оваа година, во 10 часот и 30 минути, во територијалната противпожарна единица во Охрид, случено е насилство со загрозување на службени лица, извршено од Ј.К.(40) од охридското село Велгошти.

Тој употребил предмет со кој му нанел тешки телесни повреди на Г.С., вработен во противпожарната служба, по што избегал. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителот.