ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка од директорката на ЈП „Билјанини Извори“

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше претседателот на Општинскиот комитет, Сашо Донев.

„Изборна матрица на СДС се поткупот, заканите и уцените.

Заканите и уцените на денот на избори на СДС деновиве јавно се потврдија и за жал се реалност.

Голем скандал на директорката на ЈП „Билјанини извори“ Гордана Јованоска која со уцени и притисоци врз вработените бара тие да излезат и да гласаат за кандидатот на СДС.

Од разговорите се гледа дека директорката Јованоска врши притисок врз вработен и неговата сопруга да излезат на гласање, замислете како што вели: „секој глас е битен!“.

Уште колку такви пораки се испратени на вработени во Јавните Претпријатија во Охрид за време на локалните избори?

Дали ова се правдата и мирот ветувани од СДС пред да дојдат на власт?

Дали СДС ги добила вонредните локални избори во Охрид преку притисоци и закани врз вработените во Јавни Претпријатија?

Зошто градоначалникот Константин Георгиески молчи и не ја разрешува директорката Јованоска или ќе и прости за тоа што му помогнала да победи на избори?

Доколку имаше барем малку доблест директорката Јованоска веднаш ќе си поднесеше оставка.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш неотповиклива оставка од директорката Јованоска.

Јавното обвинителство и надлежните органи да соберат храброст да се ослободат од притисоците и да го истражат случајот во кој има сериозни прекршувања на изборниот законик.

Траги во системите од кои се праќани пораките постојат, сведоци на притисоците и уцените има.

Бараме итна, неодложна и транспарентна истрага со видливи резултати!“ – истакна Донев.