26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за 8ми Март

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид упати честитка до сите припаднички на понежниот пол по повод 8ми Март, Меѓнародниот ден на жената.

„Жената со глас по дефиниција е силна жена!

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид со искрени честитки кон припадничките на понежниот пол со желби за здравје, среќа и личен просперитет по повод 8 Март-Меѓународниот ден на жената.

Осми март е поврзан со храброста на жената, со препознавање на силата во жената и нејзиниот потенцијал да се вклучи и да одлучува за сите важни општествени прашања.

Женaта денес не е само столб на семејството, туку еднакво не одрекувајќи се од улогата на сопруга и мајка станува столб на целокупното општество со големи заслуги. Таа е незаменливиот дел од мозаикот на човековите вредности и двигатели на општеството којашто ги надминува националните граници и ги истакнува постигнатите резултати од напорите и настојувањето за еднаквост, правда, мир.

Среќен 8 Март!“- стои во честитката.