ВМРО-ДПМНЕ утре со протестен марш пред Влада на РМ

Во среда на 28.11.2018 година, во 17:00 часот во Скопје, ќе се одржи протестен марш против оваа ненародна и антимакедонска власт, која што ја зацрни судбината на цел македонски народ.

Збирно место е на плоштадот ВМРО и оттука се тргнува кон Владата на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе на улица и рамо до рамо со своите граѓани, ќе крене глас за да се исправи оваа неправда која надвиснала над Република Македонија!

Ќе протестираме против политичкиот прогон, притисокот врз граѓаните, против менување на името и одземањето на идентитетот и уништување на историјата и културата на нашиот народ.

Ве повикуваме, сите заедно да си ги одбраниме вредноста и достоинството кои што ги носиме во нашиот генетски код, а се обидуваат насилно и со црни сценарија да ни ги одземат.“- стои во соопштението на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.