26/04/2024
Охрид

Во два одделни случаи, охриѓани заработија кривична поради бесправно градење

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.Х. (71) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење“. Во текот на минатиот месец во Охрид на улицата “Кеј Македонија“ на земјиште во сопственост на пријавениот, тој изградил индивидуална куќа во фаза до карабина, без одобрение за градба, за што од страна на градежен инспектор при Општина Охрид било донесено решение за отстранување на градбата во рок од седум дена, по кое пријавениот не постапил.

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Б.И. (63) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “бесправно градење“. Во текот на 2017 и 2018 година во Охрид на улицата “Железничка“, пријавениот како сопственик и инвеститор изградил станбена куќа во фаза до карабина, без одобрение за градење, за што на 29.03.2018 година од страна на градежен инспектор при Општина Охрид било донесено решение за присилно рушење на бесправната градба.