26/04/2024
Македонија

Заев: Ајде Мицкоски смогни сили, осуди го насилството од 27-ми април!

Осврнувајќи се на насилствата од 27 април, претседателот на СДСМ, Зоран Заев на денешниот тв дуел рече дека Мицкоски до сега не смогна сили да го осуди насилството и насилниците кои тогаш упаднаа во Собранието и го повика јавно да го стори тоа.

-Крајно време е по ова прашање, за насилството на 27-ми април Мицкоски да се изјасни и да го осуди насилството. Затоа што за ова насилство на 27 април имаше судски пресуди а до ден денеска не смогна сили јавно да го осуди тоа насилство. Да ги осудите тие што тргнаа животи да одземат, јавно да го осудите тој што го направил, овие мои лузни и крвавите сцени што беа во храмот на демокаријата, македонскиот парламент. Тоа е недозволиво од ниту една политичка партија, па и од ВМРО-ДПМНЕ, којашто го организираше. Дали го осудувате и повикувате да не се повтори? Чесно е, ако навистина се борите за правна држава, тоа да го направите, рече претседателот Заев.