Започна шестото издание на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“

Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на отворањето на шестото издание на Меѓународниот аматерски театарски фестивал „ВДИШАТ ТЕАТАР“. Со музичко-сценскиот перформанс „ВДИШИ ТЕАТАР 5“ младите на Црвен крст Охрид на креативен начин направија кратка ретроспектива на сите 5 претстави на Црвен крст Охрид кои го отвараа театарскиот фестивал Вдиши Театар од 2014 година и ја најавија овогодинешната театарска претстава на Црвен крст Охрид со наслов „ДОМИНО“ во режија на јован Цветкоски, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц.

Публиката не ги криеше емоциите и воодушевувањето од вештините и креативноста со кои младите талентирани актери аматери на Црвен крст Охрид сликовито ги пренесоа пораките дека животот е како ДОМИНО и кога ќе се случи некој настан, тоа предизвикува да се случи нешто друго, па нешто трето, и така сѐ со ред, додека не дојде до некоја кулминација од таа серија настани…а животот е полн со настани кои неизбежно се случуваат.

Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за театарската група на Црвен крст Битола, кои вечерва, 13.06.2019 г., во предворјето на црквата Св.Софија со почеток во 20:30 ч. ќе ја изведат театарската претстава „ВИКЕНД НА МРТОВЦИ“, од Коле Ангеловски.

This slideshow requires JavaScript.