Започна уништувањето на неексплодирани убојни средства на армискиот полигон Криволак

Вчера, 09.07.2020 на армискиот полигон Криволак започна уништувањето на неексплодирани убојни средства (НУС) од страна на пиротехничарите при Дирекцијата за заштита и спасување.

Уништувањето на НУС е комплексна операција која се одвива согласно Стандардна оперативна процедура за прифаќање, транспорт и уништување на НУС. Се работи за неексплодирани убојни средства од различен калибар кои се пронајдени од страна на пиротехничарите на повеќе локации во нашата земја и потекнуваат од Првата и Втората Светска војна.

На операцијата присуствуваше и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски каде му беа презентирани најсовремените средства за уништување на НУС, кои беа набавени од страна на Дирекцијата за заштита и спасување. Директорот Џафероски, ја искористи оваа прилика да им да се обрати на пиротехничарите за решавање на нивниот статус, набавка на нова опрема и подобрување на условите за работа. Исто така, директорот ја истакна и потребата од вработување на млади пиротехничари и нивна обука за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување и за потребите на нашата земја.

This slideshow requires JavaScript.