26/04/2024
Струга

Заврши деветтото издание на „Струшките книжевни средби“: Постхумно признание за писателот Владо Малески

Од 4-ти до 6-ти јули во Струга и Охрид се одржа деветотото издание на книжевната манифестација „Струшки книжевни средби“.

Манифестацијата започна во Охрид, со посета на духовните знаменитости црквата „Св, Софија“ и „Мал св. Климент“ и дегустација на локални вина во винаријата Мал Св. Климент.

Во НУ Библиотеката „Григор Прличев“се одржа промоција на поетската книга „Небесна тишина“ од авторот Новица Соврљиќ, за која зборуваа писателите Петко Шипинкароски и Даниела Андоновска Трајкова, модератор беше Милчо Јовановски.

Во хотелот „Климетица“ во Охрид се одржа рецитал „Вино и поезија“.

На 5-ти јули, манифестацијата „Струшки книжевни средби“ продолжи во Струга. Во Спомен домот на Браќа Миладиновци се одржа Стручна работилница на тема „Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска култура и уметност: 75 години од ослободувањето.

По повод јубилејот -десет години Културен центар „Бран“ – Струга, во Центарот за култура Браќа Миладиновци Струга, говореше Петко Шипинкароски претседател и главен и одговорен уредник на Ревијата за литература „Бранувања“, а постхумно беше доделена и „Златна Благодарница“ на Владо Малески за уметничкиот влог во создавањето на химната на Македонија „Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата“ и за неговиот придонес во градењето на слободна Македонија.

Беа доделени и на наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ на добитниците Даниела Андоновска Трајковска и Игор Крајчев. Промотори беа Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески.

Во Вевчани на учесниците на „Струшки книжевни средби“ добредојде им посака градоначалникот Сашо Јанкоски а на поетскиот маратон што се одржа на Вевчанските извори настапија: Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Недељко Терзиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Виктор Шеќервоски, Новица Соврљиќ Искра Пенева и Раде Вучиќевиќ (Србија), Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ и Анте Грего (Хрватска), Илир Паја (Албанија), Љубиша Симиќ и Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар (Црна Гора), Гордана Сречковиќ (Холандија).

Македонска современа поезија ја претставија Димитар Пандев, Христо Петрески, Васил Тоциновски, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Бетоски, Сузана Мицева, Златко Жоглев Петко Шипинкаровски, Лидија Дочовска Павловска, Марина Шокева, Љубинка Донева, Игор Крајчев, Стефан Маркоски, Снежана Стојчевска и Никола Сарајлија.

Во црквата Св. Никола – Вевчани: беше направен портрет на добитниците на наградата „Струшко слово“ Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ, а промотори беа Мерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски.

Во предворјето на црквата Св. Ѓорѓија во Струга на д-р Димитар Панев му беше доделена Големата награда на Струшките книжевни средби – „КНИЖЕВНА ДАЛГА“ за 2019 година.

Реч за добитникот на наградата одржа Даниела Андоновска-Трајковска.

Наградата ја врачи претседателот на БРАН и организатор на Струшки книжевни средби Петко Шипинкаровски.

Наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори ја добија: Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар(Црна Гора), Гордана Среќковиќ (Холандија), Сенка Павловиќ (Србија и Весна Мундишевска Велјановска и Сузана Мицева од Македонија.

Годинашната награда „Книжевна далга“ му припадна на проф. д-р Димитар Пандев, наградата „Струшко слово“ на проф.д-р Лидија Капушевска Дракулевска, Недељко Терзиќ и Мустафа Спахиу, а наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автор ја добија: Илир Паја (Албанија), Драгица Шредер (Германија), Лабуд Лончар(Црна Гора), Гордана Среќковиќ (Холандија), Сенка Павловиќ (Србија) и Весна Мундишевска Велјановска и Сузана Мицева од Македонија.

В.М.