И во Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките за надминување на праг на алармирање за ПМ 10 честички
Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Гостивар.
Поради проблеми со мрежните системи на Министерството за животна средина и просторно планирање и инсталација на нова серверска опрема не ни се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на ПМ10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Гостивар | |
23.12.2022 | 182.02 |
24.12.2022 | 168.65 |
*концентрациите се изразени во mg/m3
Од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до Општина Гостивар за епизодата на алармантно загадување на воздухот.
Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.