27/07/2024
Македонија

Облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините од снег

Под влијание на влажна и студена воздушна маса денес времето ќе биде облачно, ветровито и значително постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи (над 20 л/м2) ќе има во јужните и источните делови и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе се намалат за повеќе од 10 степени. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Од вторник наместа ќе има утрински температури под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст.